Мик Шумахер беше маестрален на трката во Формула 2 во Австрија.

Синот на легендарниот Михаел Шумахер заврши на четвртата позиција на оваа трка, иако стартуваше дури од 18-тото место.

По одличниот старт на спринт-трката од 28 кругови, ги престигнуваше противниците во болидот на Према Теодор Рејсинг и стигна до својот најдобар резултат во кариерата во Формула 2.

За потсетување, Мик Шумахер минатата година беше шампион во Формула 3 натпреварувањето, па годинава доби можност да се испроба и во посилна конкуренција.