Македонскиот автомобилист и двоен првак на Европа, Игор Иџе Стефановски денеска од 18 часот ќе вози низ улиците на Скопје со рута од населба Лисиче до Карпош во чест на сите оние кои се борат со Ковид-19.

Од тимот на Стефановски побараа од граѓаните на Скопје да излезат на балконите и со знамиња и аплауз да ги поздрават сите учесници во битката со опасната пандемија.

„Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност. Во ПОНЕДЕЛНИК 25.05.2020 во периодот од 18:00 низ скопските улици со тркачкиот автомобил ќе направиме промотивно возење на релација Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош. Би сакале да ве поканиме сите заедно од вашите тераси, прозори, ако сте во можност, со знамиња или аплауз да ги поздравиме нашите херои во битката против оваа пандемија. Ова е трасата по која ке се движиме, се гледаме.“ – соопштуваат од тимот на Игор Иџе Стефановски.