Луси Хамилтон  е победник на Големата награда на Русија. За возачот на Мерцедес ова е 100 -та победа во неговата кариера и тој стана првиот Ф1 возач што го постигнал тоа достигнување. Со победата, Хамилтон исто така го презеде водството во поредокот.

Иако Ландо Норис од Мекларен водеше поголем дел од трката и беше на чекор до победа, ситуацијата беше целосно изменета од дождот што почна да паѓа на десетина круга пред крајот.

Норис ризикуваше и одлучи да не менува гуми, поради што на крајот падна на седмото место. Одлична работа заврши Макс Ферстапен, кој се проби на второто место од 20 -тата позиција од која стартуваше поради промена на моторот.