Денеска е соопштено дека трките за Големите награди на Велика Британија и Австралија се одложени од Мото ГП шампионатот.

„ Светската авто индустрија и Дорна со жалење објавуваат дека пандемијата од Коронавирусот ги натера организаторите да ги откажат трките во Британија и Австралија“- стои во соопштението.

Трката на легендарната Силверстон требаше да се вози од 28. до 30. август и за прв пат во 70.години од нејзиното постоење истата е откажана. Трката за Големата награда на Австралија беше закажана за 23. до 25. октомври, но и таа трка нема да се одржи.