Актуелниот светски првак во Мото ГП,  Марк Маркез потпиша нов четиригодишен договор со Хонда.

Шпанецот  останува верен на Хонда до 2024 година, со која годините наназад руши низа на рекорди и уште сега е во најтесен избор за најдобар возач во историјата на овој спорт. Тој во Хонда дојде во 2013 година и успеа да освои неверојатни шест титули во седум години.

„Горд сум што ја продолжив соработката со Хонда и во следните четири години. Хонда ми даде шанса кога дојдов во Мото ГП и среќен сум што останувам во ова семејство“- изјави Шпанецот.

Маркез и оваа сезона е главен фаворит за шампионската титула, а сезоната стартува на 8 март со Големата награда на Катар.