Првиот човек на ФИА, а поранешен менаџер на Ферари, Жан Тод, откри дека заедно со Шумахер гледал некои трки во Формула 1 на ТВ.

„Ви ја кажувам вистината кога ќе ви кажам дека со Михаел гледав трки во Формула 1 на ТВ. Се надевам дека еден ден двајцата ќе навиваме заедно на трибините на некоја трка. Нема некои позначајни информации освен дека Михаел се бори секој ден да му биде подобро. Но, во строга приватност на најблискиот круг пријатели и семејството. Неговата сопруга Корина прави големи работи и на нас е да и дадеме поддршка“. – изјави Тод.

На два дена пред крајот на 2019 година ќе изминат точно шест години откако најтрофејниот возач на сите времиња, Михаел Шумахер доживеа тешка повреда на скијањето на Алпите која го остави во вегетативна состојба.