Шесткратниот Формула 1 првак, Луис Хамилтон, и понатаму е во центарот на вниманието поради гласините дека на крајот на следната сезона ќе го напушти Мерцедес.

Британецот договор со Мерцедес има до крајот на следната година, а се шпекулира дека следен негов предизвик ќе биде болидот на Ферари. Засега Хамилтон одбива да зборува на таа тема, но изненаден е што некои Ф1 пилоти веќе се јавувале кај шефот на Мерцедес, Тото Волф

Многу возачи си го бараат своето место. Тото доби неколку повици и кај него се распрашуваат за слободно место во Мерцедес“ – изјави Хамилтон.

Се претпоставува дека за местото на Хамилтон во Мерцедес се заинтересирани да го зазема Марк Ветстапен од Ред Бул и Фернандо Алонсо кој во 2021 сака да се врати во Формула 1.