Трката за Големата награда на Аргентина во Мото ГП шампионатот е откажана, објавија организаторите.

Организаторите изјавија дека жалат што мораа да го потврдат откажувањето на Големата награда на Аргентина.

„Пандемијата на коронавирус, логистичките ограничувања и оштетувањето на инфраструктурата бараат нејзино откажување“, се вели во соопштението.

Мото ГП шампионатот ќе има 18 трки оваа сезона.

Остануваат уште шест трки до крајот, вклучувајќи го и Гран -прито на Арагон викендов.

Во Мисано ќе има две трки, ГН на Америка во Остин, потоа во Португалија, а сезоната ќе заврши на 14 ноември во Валенсија.