Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф е главна вест низ медиумите во Германија, откако изненадно се повлекува од позицијата во германскиот Ф1 тим.

Инсајдери од Германија брифираат дека Тото Волф веќе донел одлука за повлекување од Формула 1 тимот, но се уште нема ништо официјално.

Најпознатите портали во Германија, Спорт1 и Билд веќе најавија дека тие дојави се вистинити и дека до вечерва ќе се знае повеќе.

Се шпекулира дека на Тото Волф му завршил договорот и дека не сака да го продолжува, а од друга страна, постои индиција дека Тото Волф се сели во таборот на Астон Мартин.