Дорна и Владата на Унгарија преговараат за од 2022 Мото ГП да се врати на територијата на истоимената држава.

Доколку се случи тоа, најдборите моторциклисти ќе возат на сосема нова стаза, која ќе биде изградена на истокот на Унгарија. Конечната одлука се очекува да биде донесена на почетокот на следната година.

Среќен сум што можам да објавам дека Мото ГП сака да се врати во Унгарија. Стратегијата за мотоспортовите им се претставни на владата на Унгарија, а тие се исто така важни поради тоа што ќе се зголеми бројот на туристи и индустријата која е главен алат за зајакнување на економијата“- вели унгарскиот министер за иновација, Ласло Палковиќ.

Унгарија се очекува да потпише договор со Мото ГП во февруари годинава, а од 2022 до 2026 оваа земја ќе биде дел од овој авто-мото циркузот.