Неверојатниот Валентино Роси на крајот од оваа сезона во Мото ГП дефинитивно ќе стави крај на професионалната кариера.

„Кажав дека ќе донесам одлука по летната пауза и сега сакам да ви соопштам дека решив да се повлечам на крајот од сезоната. Ова е тажен момент бидејќи ми е тешко да кажам и да знам дека нема да се тркам следната година, го правам ова речиси 30 години.Следната година, животот ќе ми се промени. Но патувањето беше одлично, уживав многу, ми беше забавно. Се што искусив е незаборавно. – изјави Валентино Роси.

Италијанецот има 42 години, во Мото ГП е веќе 26 години, има 115 победи и девет титули севкупно во трите класи.