Деветкратниот светски шампион Валентино Роси, изјави дека пред почетокот на сезоната ќе одлучи дали кариерата ќе ја заврши оваа година или не.

Овогодинешниот Мото ГП шампионат, е на пауза поради Коронавирусот, а најрано се очекува да започне во август за трката на ГН на Чешка.

„Во тешка сум ситуација. Моја прва опција е да пробам да ја продолжам кариерата, бидејќи имам доволно мотивација. Сепак, многу е битно да сум свесен на кое ниво сум, а во вториот дел на минатата сезона бев многу бавен“-изјави Италјанецот.

На крајот од сезонава, Роси ќе остане без место во Јамаха, а неговото место ќе го завземе Фабио Квартаро.