Еден од најголемите, ако не и најголемиот  возач во Мото ГП, Валентино Роси многу веројатно следната сезона ќе биде негова последна во неговата богата кариера. Популарниот „доктор“ најави дека наскоро ќе ја донесе одлуката за својата иднина, а не ја исклучува опцијата да се повлече од спортот на крајот на идната година.

Роси има договор со Јамаха до крајот на 2020 година, ама сезонава му беше најлоша откако вози во „кралската класа“, па во генералниот пласман заврши како седми и најави дека ако нема напредок со Јамаха ќе замине во пензија.

„Следната сезона е клучна и на крајот на истата ми истекува договорот, така да за жал ќе мора да донесам одлука дали ќе продолжам да возам. Логично е дека сè ќе зависи од резултатите. Направивме одредени промени во тимот, па ќе видиме дали може да бидеме конкурентни и брзи. За да продолжам да возам ќе мора да бидеме многу подобри во однос на оваа година, а ако не сме – најдобро е да се повлечам“, изјави популарниот „доктор“.

Роси во Мото ГП има 9. шампиоснки титули од кои 7. се во „кралската“ класа до 1000 кубици.