Макс Верстапен е победник на Големата награда на Франција!

Верстапен го освои првото место маестрално, на крајот.

До два круга пред крајот, лидер беше Луис Хамилтон од Мерцедес, но Верстапен го престигна и ја освои големата награда на Франција.

На крајот, стратегијата беше одговорна за тоа. Верстапен и неговиот тим се одлучија за две влегувања во боксот, а Хамилтон направи само едно, па неговите гуми беа во многу полоша состојба на крајот од трката.

Ова е трета победа на Ред Бул по ред. Трет возач беше Перез, а Валтери Ботас заврши четврти, Ландо Норис петти и Рикиардо шести.

Верстапен е прв и во генералниот пласман на возачи.