Макс Верстапен во изминатие години со своите перформанси во Ф1 ги собра симпатиите на поголемата маса на луѓе. Младиот возач на Ред Бул во пресрет на новата 2020 година смета дека може да ја прекине доминацијата на Луис Хамилтон.

„Луис е одличен, сигурно еден од најдобрите, но не е Бог. Можеби Бог е со него, но тој не е Бог. Мислам дека оваа сезона можеме да го предизвикаме Мерцедес за шампионската титула. Мора да правиме притисок. Кога не го правиме тоа, Хамилтон вози без грешка, што е нормално. Ако започнеме добро и изградиме предност, тоа ќе го натера Мерцедес да прави одлуки под притисок“ -изјави Холанѓанецот.

Шампионатот во Формула 1 „циркузот“ започнува на 15.март на трката за големата награда на Австралија.