Марк Верстапен од Ред Бул е победник на претпоследната трка во Формула 1 сезонава, се возеше за ГН на Бразил.

Холаѓанецот со одличен маневар во 60. круг го мина шампионот Луис Хамилтон и запиша победа, второто место го освои Пјер Гасли од Торо Росо, место на подиумот имаше и за Луис Хамилтон како трет.

Пилотите на Ферари разочараа, Фетел и Леклерк учестуваа во инцидент, Французинот го мина Фетел, кој се удри во болидот на клупскиот колега, пукна и пневматикот а и двајцата не ја завршија трката.

На први декември во Абу Даби, на патеката „Јас Марина“ се вози последната трка сезонава.