Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Катар во Формула 1 шампионатот, со овој триумф тој намали водството на Макс Ферстапен во генералниот поредок.

Пилотот  на Мерцедес водеше од почеток до крај, втор заврши  Макс Ферстапен, додека  Фернандо Алонсо со болидот на Алпин заврши на третата позиција и за прв пат се искачи на подиум по седум години.

Во генералниот поредок води Ферстапен со 351,5 бодови, осум помалку на втората позиција има Хамилтон. До крајот на сезоната остануваат уште две трки, а следната се вози во Саудиска Арабија на 5.декември.