Возачот на Мерцедес, Валтери Ботaс, ќе тргне од пол позицијата на патеката „Силверстоун“ во чест на јубилејот 70-годишнина во Формула 1.

Ботас беше најбрз, зад себе ја остави конкуренцијата а второто место му припадна на неговиот тимски колега Луис Хамилтон.

Вториот стартен ред ќе го пополнија Нико Хулкенберг од Рејсинг Поинт и Макс Верстапен од Ред Бул.

Феради разочара, Шарл Леклер е на  осмата стартна позиција, Себастијан Фетел ќе тргне  од 12-та.

Главната трка ќе се одржи утре со почeток во 15:10 часот.