Валтери Ботас запиша победа за ГН на Русија во Сочи, тој ја искорсити казната на тимскиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон и запиша втора победа на оваа патека во кариерата а вкупно девета во кариерата.

Мерцедес стигна до нова победа, Ботас прв, Ферстапен од Ред Бул втор, Хамилтон заработи две казни од по пет секунди будејќи вежбаше старт на излезот од пит стопот, и на крајот заврши како трет.

Луис Хамилтон ја задржа лидерската позиција во генералниот поредок со 205 бода, 41 помалку има Валтери Ботас на второто место, трет е Макс Ферстапен со 128 бодови.
Следната трка се вози за две недели на патеката Нирбургринг на трката за ГН на Германија.