Завршен е првиот тренинг пред последната трка во сезоната, а одлично време постави возачот на Мерцедес, Валтери Ботас.

Германскиот возач во екипата на Ферари, Себастијан Фетел, имаше послаб тренинг, а неговото возење го одбележа судирот во ѕид кој го имаше во кривината број 19.

Ботас имаше предност за околу половина секунда во однос на Макс Верстапен, додека зад нив остана Луис Хамилтон, Албон, Фетел, Леклер…

На последниот тренинг Ботас доминираше со време од 1:36,957, додека второ најдобро време оствари Верстапен за Ред Бул. Трет на листата е Хамилтон.