Двоецот на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер имаа одличен ден на денешната трка за големата награда на Сингапур во Формула 1 шампионатот.

Фетел стигна до 54 победа во кариерата, петта на патеката во Сингапур со што напредуваше на третото место во генералниот пласман.

Освојувачот на пол позицијата, Леклер трката ја заврши на второто место додека трет беше Ферстапен од Ред Бул.