Шпанецот Марк Маркез ја одбрани титулата во Мото ГП шампионатот откако успеа да победи на патеката во Тајланд.

Маркез успеа во последнот своик да го претекне Куартаро кој беше на „чекор“ до прва победа во кариерата. Трет денеска беше Виналес додека Довициозо заврши на четвртотот место.

За Маркез ова беше девета победа сезонава, 79 во кариерата по која стигна до осмата светска титула, една повеќе на вечната листа има Валентино Роси.