Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја отвори трката NASCAR Daytona 500, во своето претседателско блиндирано возило The Beast (Звер). Трката се одржа во Дејтон Бич во Флорида.

Претседателот Трамп и неговата сопруга Мелани извозија околу четвртина круг, а потоа им дадоа наредба на возачите да ги запалат моторите.

Трамп не е првиот претседател, кој ја отвори оваа трка. Пред него тоа го направија Џорџ Буш помладиот и постариот, како и Роналд Реган.