Андреа Довициозо победи на трката за ГН на Австрија на Ред Бул Ринг. Финишот на трката во Мото Гп донесе драма, актуелниот шампион Марк Маркез заврши како втор.

Мотоциклистот на Дукати, Довициозо, го издржа притисокот од  Маркез  и запиша победа, како трет на подиумот заврши Фабио Квартарато од Јамаха.

Маркез на Хонда води со 230 бода, на второто место се наоѓа Довициозо со 172 бода.