Алекс Ринс од Шпанија на Сузуки победи во Мото ГП класата на трката за ГН на Британија, запиша победа пред сонародникот Марк Маркез на Хонда.

Трката имаше драматичен финиш, Ринс запиша победа со само 13 стотинки предност во однос на Маркез, место на подиумот имаше за уште еден Шпанец, Маверик Вињалес заврши како трет.

Во генералниот пласман по трката за ГН на Британија води Маркез пред Довициозо со 72 бода предност, Ринс е засега на третото место.