На денешниот тренинг во МотоГП шампионат се случи несекојдневен инцидент меѓу двајца тимски колеги. Имено, староновиот шампион Марк Маркез со својата Репсол Хонда со 120 километри на час удре во тимскиот колега Хорхе Лоренцо, но за среќа и двата шампиони останаа неповредени.

По оваа случка трикратниот шампион Хорхе Лоренцо влезе во вербална расправа со помладиот шпанец кој беше кривецот за овој инцидент.

Трката за Големата награда на Австралија на програмата е в недела рано наутро по македонско време.