Макс Ферстапен од Ред Бул запиша победа на трката за ГН на САД која се возеше во Тексас. Место на подиумот имаше и за актуелниот светски шампион Луис Хамилтон како втор од Мерцедес,  а трет низ целта мина  Серхио Перес исто така од Ред Бул.

Лидер на пет трки до крајот е Ферстапен со 287,5 поени, пред Хамилтон кој има 275,5. Следната трка за ГН Мексико ќе биде на 7 ноември.