Шесткратниот победник на „Формула 1“, Луис Хамилтон, го кажа својот фаворит на вечерашното „Ел Класико“.

Хамилтон е голем фан на Барселона, од која за оваа прилика доби и дрес.

„Мојата прогноза за Ел Класико е 3:1 за Барселона“, изјави тој.

„Огромно благодарам на Барселона за дресот што ми го испрати. Јас сум голем фан и ќе навивам за вас“, додаде пилотот на Мерцедес.

Средбата се игра вечерва, со почеток во 21 часот.