Италијанскиот автомобилски производител, Ферари го презентираше новиот болид „SF1000“ со кој ќе се обиде во новата сезона да дојде до двојната круна во Формула 1 шампионатот.

„Со обврските доаѓа и одговорноста но и притисокот. Сето ова може да се преточи со позитивен манир со желба за инспирација да бидеме уште подобри. Ве уверувам може само да се демантираме самите, многу повеќе отколку што ќе ги демантираме другите.“ – изјави шефот на Ферари, Луис Камилери.