Британецот Луис Хамилтон стигна до нова пол позиција сезонава, овој пат во Франција. Ова е 86-та пол позиција за Хамилтон во неговата кариера.

Иако на тренинзите на стазата „Пол Ришар“ се чинеше дека неговиот тимски колега Ботас ќе стигне до пол позиција, Хамилтон кој е неприкосновен сезонава не дозволи никакво изненадување и утре повторно ќе стартува од челната позиција.

Хамилтон беше најбрз со време 1:28.319, додека Ботас заостана 0.286 секунди зад британецот.

Во првиот ред стартува Мерцедес, третата стартна позиција му припадна на Леклер од Ферари, четврт ќе стартува Ферстапен, додека Фетел ќе стартува од седмата позиција.