Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше за Големата награда на Штајерс, која беше втора од овогодинешниот шампионат.

Шесткратниот светски шампион на патеката „Ред Бул Ринг“ ја запиша 85.победа во кариерата и сега го делат уште шест победи за да се изедначи со рекордерот Михаел Шумахер.

Хамилтон минатата седмица на истата патека не успеа да ја заврши трката за разлика од денес каде без поголеми проблеми стигна до нов триумф.

Второто место му припадна на тимскиот колега на Британецот, Валтери Ботас додека трет заврши возачот на Ред Бул Марк Верстапен.

За издвојување е и инцидентот меѓу двајцата пилоти на Ферари, Фетел и Леклер кои во првиот круг се судрија и не ја завршија трката.