Британецот Луис Хамилтон ќе тргне од пол позицијата на последната трка сезонава во Формула 1 која се вози за ГН на Абу Даби.

Хамилтон веќе ја одбрани титулата од лани, утрешната трка нема никакво резултатско значење, секако е важна за престиж.

Времето со кое Хамилтон дојде до пол позицијата, 1:34:828,  Макс Верстапен ќе тргне од втората позиција, додека  Шарл Леклер и Себастијан Фетел ќе стартуваат од третата и четвртата.

Валтери Ботас иако имаше второ најдобро време, сепак ќе тргне од последното место поради казната за промената на моторот.