Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на трката за ГН на Бахреин, ова во сенка на инцидентот во кој се запали болидот на Себастијан Грожан.

Грожан на стартот имаше инцидент во кој неговиот болид се запали и заврши во два дела, за среќа Французинот помина без сериозни повреди.

Хамилтон рутински запиша победа, зад него завршја Макс Ферстапен од Ред бул и Александер Албон кој се искачи на подиум како трет.

Хамилтон, Ботас и Ферстапен е триото во генаралниот поредок во Ф1 сезонава во која остануваат  уште две трки до крајот.