Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски во два дена оствари одличен резултат на двете трки на ТЦР Италија.

Денеска популарниот Иџе по освојувањето на второто место откри дека имал сериозни проблеми со сопирачките, што дополнително го потврдува неговиот талент и упорност.

„Многу беше тешко да се вози со вакви услови. Сопирачите се расипани во целост е пневматиците тотално  уништени. Тешко беше да се вози но второто место е добар резултат. Ова е добро натпреварување и ќе се обидам да стигнам до првото место во следните трки.  Од почетокот на трката немав сопирачки, имав сериозни проблеми со кочењето и поради ова среќен сум што ја завршив трката и го освоив второто место. “ – изјави Игор Иџе Стефановски.