Франческо Бањаја, возачот на Дукати и  овој викенд водеше од прв до последен круг, сега  во Мизано, во финишот не потклекна на притисокот на  Фабио Квартараро и славеше пред домашната публика во Сан Марино за втора победа во МОТО ГП.

 

Фабио Квартараро  од Јамаха заврши на втората позиција, додека  Енеја Бастијанини на пиедесталот заврши како трет.