Мотоциклистот на КТМ, Бред Биндер ја запиша дебитантската победа во МОТО ГП класата и донесе прва историска победа на својот тим во оваа категорија.

КТМ и Биндер испишаа заедничка историја со денешната победа во Брно, тимот од Австрија за прв пат настапи во МОТО ГП класата пред три години и сега стигна до  прва победа.

На вторто место трката ја заврши Морбидели додека на третото се пласира Жоан Зарко кој тргна од пол позицијата.