Игор Стефановски Иџе го освои 14. место на првата трка на Монца, пропушти подобар пласман откако во финишот излета од патеката и не успеа да обезбеди подиум.

Иџе беше третопласиран до претпоследниот круг, но се судри со Бриљадори и излета од патеката, се врати но на крајот заврши на 14. место. Победник беше  Џиакон, Јелмини заврши втор, додека на третото место на подиумот се искачи Тавано.