Фабио Квартараро на Јамаха доминираше на Мото ГП трката во Катар, ја запиша  првата победа во новата сезона.

Французинот  со речиси една и пол секунда предност го освои првото место  во однос на Жоан Зарко од Прамак Дукати, тој во интересна борба во финишот беше подобар од Хорхе Мартин.

По две трки во новата сезона, водечки во генералниот пласман е Зарко кој освои две втори места.