Возачот на Ферари Чарлс Леклер имаше одлични квалификации на „Ред Бул Ринг“ и ќе стартува од првата пол позиција на трката за ГН на Австрија.
Французинот фантастично возеше во последниот круг и го освои првото место со време од 1:03.003 секунди.
Актуелиот првак Луис Хамилтон ќе стартува од второто место,додека третата позиција му припадна на Макс Вестапен од Ред Бул.
За Леклер ова беше втора пол-позиција оваа сезона, или вкупно втора во кариерата.
Трката за ГН на Австрија се вози в недела со почеток од 15.10 минути.
Be the first to write a comment.