Пилотот на Ред Бул, Макс Ферспатен триумфираше на 9-тата трка од овогодишната сезона во Формула 1 шампионатот.

Холанѓанецот дојде до победата откако успеа да го мине Шарл Леклер од Ферари кој во најголемиот дел од денешната трка беше на лидерската позиција.

— Formula 1 (@F1) June 30, 2019

Контактот меѓу Ферспатен и Леклер значи дека допрва ќе има истрага за конечниот епилог. На третото место на подиумот се искачи Валтери Ботас.

Ова го носи историскиот најмлад подиум во постоењето на Формула 1, тројцата кои денеска се искачија на првите три позиции имаат средна од 24 години и 156 денови. На четвртото место заврши Себастија Фетел од Ферари, а петти беше Луис Хамилтон. Бранителот на титулата за првпат оваа сезона не се пласираше меѓу водечката тројка.