Возачот на Хонда Марк Маркес ќе стартува од пол позицијата во пресрет на трката за големата награда на Германија ,девета трка во сезоната од МОТО ГП шампионатот, воедно и последна пред летната пауза.

За актуелниот шампион ова ќе биде 57.пат во кариерата да дојде до пол позицијата. На втората стартна позиција ќе стартува возачот на Петронас Јамаха Фабио Квартараро,додека трето најдобро време во квалификациите имаше возачот на Јамаха Маверик Вињалес.

Трката на патеката на ” Захсеринг” ќе започне во недела од 14 часот.