Марк Маркез ја забележа шестата победа во десетата трка во оваа сезона во Мото ГП шампионатот. За Шпанецот ова беше 50-та јубилејна победа во кариерата на елитната класа со што влезе во друштвото на Роси, Агостини и на Дуан.

До второто место на подиумит дојде Андреа Довициозо додека трет заврши Џек Милнер, поранешниот првак, Валентино Росо трката во Брно, Чешка ја финишираше како шести.

Актуелниот првак со ова дополнително ја зголеми предноста во генералниот поредок каде води со 210 поени пред Довициозо кој има 147 бодови.