Старо-новиот шампион во МотоГП Марк Маркез, стигна до нов триумф на патеката Фили Ајленд на трката за големата награда за Австралија.

Во драматична трка повторно излезе како победник, откако неговиот ривал од Јамаха, Вињалес во последниот круг падна и ја заврши трката без бодови, а до тој момент со сите сили се обидуваше да го симне Маркез од првата позиција. Овој кикс на Вињалес го искористи Кал Крачлоу кој заврши втор, а пиедесталот го пополни домашниот возач Џек Милер.

За Маркез ова беше петта едно подруга победа сезонава, а вкупно 55 во „кралската“ класа и го помина во оваа категорија Мик Дуан на третото место на вечната листа.