За прв пат во кариерата, Мик Шумахер се избори за триумф во Формула 2 шампионатот откако денеска победи на трката на Хунгароринг.

„Беше неверојатна трка. Возилото беше одлично. Пресреќен сум за победата затоа што не беше лесно. Важно беше да ги сочувам гумите иако постојано бев под притисок. Секако беше и многу забавно“ – изјави Мик Шумахер.

За прв пат по 15 години, презимето Шумахер се најде на првото место на пиедесталот на патеката во Унгарија.