Хуан Мануел Коре (20) кој е тешко повреден на трката во Формула 2 кога со брзина од 273 км/ч на патеката во Белгија се судри со Французинот Антоан Убер (22) кој загина, е опериран минатата недела.

Во болницата во Лондон тој бил во операциона сала 17 часа пред докторите да го стават во состојба на вештачка кома. Американскио-еквадорскиот возач претходно го одби советот на докторите за ампутација на десната нога.

За време на операцијата докторите неколку пати се соочиле со компликации со крвните садови, а на крај му бил отстранет поголем дел на коскен материјал отколку што било планирано пред интервенцијата. Нова операција го очекува за две недели.

Коре по трагедијата се обрати до јавноста велејќи дека му е јасно што го очекува.

„Нозете мора да ми заздрават, особено не е сигурно што ќе биде со десната нога. Знам дека ме чека долга и комплицирана рехабилитација. Се уште процесирам што се случи. Оваа несреќа е потешка од било што со кое досега сум се сретнал и физички и психички. И благодарам на секоја личност која ми пружи поддршка. Ви благодарам на сите, знајте дека вашата поддршка и позитивност направија разлика.“ – истакна Коре.