Италијанскиот мотоциклист Селестино Виети стигна денеска до својата прва победа во кариерата минувајќи прв низ целта на трката за Големата награда на Штаерска во Австрија.

Зад 18-годишниот возач на КТМ заврши неговиот сонародник Тони Арболин, додека трет беше Јапонецот Аи Огура (обајцата на Хонда).

Водечкиот во генералниот пласман Шпанецот Алберт Аренас, кој минатата недела победи на истата патека во Шпилберг, заврши на петтото место.

Најбрзиот во квалификациите, Аргентинецот Габиел Родриго, денеска беше четврти.