Португалецот Мигуел Оливеира (KTM-Tech3) победи денеска во класата на МОТО ГП на Големата награда на Австрија, оставајќи ги зад себе во исклучително возбудлива завршница Австралиецот Џек Милер(Ducati-Pramac)  и Шпанецот Пол Еспаргаро(KTM).

По краткиот прекин на трката, 25-годишниот Оливеира остана во водечката тројка и ја искористи борбата помеѓу Милер и Еспергаро за да го презеде водството во последниот свиок.

Французинот Фабио Квартараро, кој денешната трка ја заврши на 13. место, успеа да остане на чело во генералниот пласман, со три бода предност пред Италијанецот Андреа Довозиосо.