Возачот на Мекларен, Ландо Норис го продолжи договорот со британската екипа и за 2022 година.

Младиот 21-годишен Англичанец во моментот е на четвртото место во генералниот пласман.

„Воодушевен сум што ја продолжувам соработката со Мекларен. Тука сум речиси пет години и се чувствувам како дел од семејството. Сега не можам да се замислам во ниту еден друг тим. Посветен сум му на Мекларен, а целта е јасна: Сакам да победувам и да станам шампион во светот во болидот на Мекларен.“ – изјавил Норис.

Зек Браун од компанијата истакна дека останувањето на Норис е од клучно значење за екипата.