Во очекување на официјалните резултатите од истрагата од несреќата на запалениот болид на Грожан, во Формула 1 се случи сличен инцидент.

На тренингот на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби вивна во пламен и болидот на Кими Раиконен.

Финецот десетина секунди возеше со запален болид по што застана а пожарот кој изби во делот со моторот беше изгаснат.

Последната трка од оваа сезона во Ф1 се вози во недела од 14:10 во Абу Даби.