Новата сезона во Формула 1 ќе започнува на 15 март со традиционалната трка за Големата награда на Австралија, а и оваа сезона главен фаворит за шампионската титула во инструктори е Мерцедес.

Овој тим денеска го претстави болидот кој има ситни корекции, но не се разликува премногу во однос на оној ланскиот.

Боите на Мерцедес и оваа сезона ќе ги бранат Луис Хамилтон и Валтери Ботас. За Британецот се шпекулураше околу неговото останување, но тие шпекулации ги отфрли „мозокот“ на тимот Тото Волф, кој вели дека преговорите со шесткратниот шампион се во завршна фаза.